Позната причината за смртта на Папата

Во потврдата, објавена од Ватикан, се вели дека папата паднал во кома пред смртта, која се случила во раните утрински часови во понеделникот.
Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 89-годишна возраст.
Ватикан ја објави и содржината на тестаментот на папата, напишан во 2022 година.
Папата во неа напиша дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште, пренесуваат медиумите.
Тој изразил желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб да има едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.
Папата напиша и дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетел, а која договорив да биде префрлена на базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.
The post Позната причината за смртта на Папата appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: