Позната причината како започнала масовната тепачка на нашите иселеници на концертот во Швајцарија!

Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11-ти март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка во публиката.

Прослава на наш начин

Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија
Позната причината зошто започна масовната тепачка на нашите иселеници на концертот во Швајцарија!

Видео снимка од тепачката во која не се знае кој по кого удира, е објавена на социјалните мрежи.
Додека голем број од гостите на концертот меѓусебно се удираат и туркаат, жени и деца бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.

Околу тоа кои се пејачите кои гостуваа на овој настан, организиран по повод Денот на жената, 8. Март, на социјалните мрежи периодов имаше повеќе најави.

Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија, пред да започне големиот неред.

Која била причината за оваа тепачка откри музичарот Кристијан Јованов.

„Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“ – вели Јованов.

Појаснува дека инцидентот се случил околу полноќ, по што бил прекинат концертот.

„Немаше резон да продолжиме со музика. Луѓето беа вознемирени, деца исплашени плачеа“ – вели Кристијан, кој и стана познат на јавноста по учеството во шоуто „Операција Триумф”, а веќе две години со свој бенд настапува во Швајцарија.

Како што вели, има редовни ангажмани секој викенд, и настапува во дискотеки, клубови и приватни забави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.