Познатиот пар фатен на дело: Се бакнувале јавно иако тоа многу ретко го прават

Фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија “уловени“ се во еден редок момент како искажуваат љубов на јавно место.
Иако не се познати по јавното искажување на емоции сепак папараците не го пропуштиле овој редок момент.
Наиме, Викторија и Дејвид се фотографирани како разменуваат нежности, поточно како се бакнуваат на јахта уживајќи на одморот со своето семејство и пријатели.
Иако важат за пар кој ретко ги покажува емоциите во јавноста, изгледа дека сега малку се занеле и се опуштиле па се бакнале во јавност.

 

View this post on Instagram

 

Love these two ? #VictoriaBeckham #DavidBeckham #PoshAndBecks

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckhamstyles) on


Познатиот пар дел од летото го поминува во Црна Гора, а својот одмор го продолжиле во Франција во друштво на своите пријатели, пејачот Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш на луксузна јахта.
Инаку, фудбалерот и модната креаторка, некогашна членка на групата „Спајс грлс“, заедно се повеќе од 22 години. Како и сите парови и тие поминале низ бурен период во љубовта, но очигледно дека го пребродиле заедно.

 

View this post on Instagram

 

Gorgeous day with friends @davidfurnish @eltonjohn @victoriabeckham ♥️♥️♥️♥️

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on


Еден од бурните моменти во нивниот брак била аферата на Дејвид Бекам со неговата лична асистентка Ребека Лос која тврдела дека била со Бекам.
Ребека на новинарите им ги покажала пораките со сексуална конотација кои ѝ ги испраќал фудбалерот, прераскажувала за сексуалните детали и непрекинато го повикувала по пат на медиумите популарниот фудбалер.
Популарниот фудбалер никогаш не ја потврдил оваа романса, а Ребека во меѓувреме се повлекла од јавниот живот и се преселила во Норвешка каде што основала семејство и се посветила на семениот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.