Руперт Мардок е фотографиран на една од плажите на Барбадос со Ен-Лесли Смисо која е во љубовна врска откако се разведе со Џери Хол.
Поминаа неполни шест месеци откако беше финализиран разводот на медиумскиот магнат и неговата четврта сопруга Џери Хол, а тој веќе е фотографиран како ужива на одмор со својата нова девојка.
91-годишниот милијардер бил виден на Барбадос со 66-годишната Ен-Лесли Смит, поранешен полициски инспектор и вдовица односно бивша сопруга на американската ѕвезда на кантри музиката, Честер Смит.
Двојката се запознала во ноември минатата година, а папараците сега ги фотографирале на плажа, каде Ен-Лесли носела жолто бикини, а на егзотичниот остров пристигнале на покана на британскиот милијардер Ентони Бамфорд.
Ен-Лесли дипломирала на колеџ во 1980 година и пред да се омажи за покојниот пејач поседувала 13 телевизиски станици во Калифорнија и Орегон. Била во принуден брак што, како што рекла еднаш, Бог и’ се смилувал и станала полицаец во Калифорнија.
Таа денес работи како водителка на локалното радио и не крие колку и значи тоа што тргнала по Божјиот пат и верува во Бога.
„Кога не бев многу религиозна работите на светот ми изгледаа бесмислени“, изјави Ен-Лесли Американ за Christian Broadcasting Network.
Таа го издаде албумот „Captured by Love“ со нејзиниот покоен сопруг во 2005 година, а три години подоцна тој почина од срцев удар на 78-годишна возраст.
Руперт зад себе има четири брака. Тој беше во брак со поранешната стјуардеса Патриша Букер од 1956 до 1967 година и со новинарката Ана Торв од 1967 до 1998 година. Потоа се ожени со претприемачката Венди Денг, 38 години помлада од него, но поднесе барање за развод во 2013 година.
Руперт последен пат се разведе во јули минатата година, а се чини дека не губел време за да најде нова љубов.