Познатите пејачки кои станаа мајки добија скапи поклони по породувањето од саканите – една се издвојува со вртоглав подарок од 70 илјади евра

Се почесто тренд е по породувањето родилките да добиваат скапи поклони, а истото ги очекуваше и познатите личности во соседството.
За пример пејачката Ана Николиќ по раѓањето на ќерката Тара од сопругот Стефан Ѓуриќ – Раста доби на подарок Мерцедес ГЛЦ Купе.
Наташа Беквалац по раѓањето на втората ќерка, тогашниот сопруг и купил дијамантско ланче, а за истото дал неколку илјади евра.
Цеца по раѓањето на внукот Жељко богато ја наградила снаата Богдана, медиумите тогаш пишуваа дека таа и подарила ланче од дијаманти кое чинело 5.000 евра.
Но, дефинитивно еден од најскапите подароци бил на пејачката Ана Севиќ која од својот сопруг добила Мерцедес кој чинел вртоглави 70 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.