Познати сите полуфиналисти во Дејвис купот

Чешка, Аргентина, Србија и Канада изборија пласман во полуфиналето во Светската група во тенискиот Дејвис куп.Чешка во четвртфиналето го победи Казахстан, клучниот поен за водство од 3:1 на Чесите им го донесе Лукаш Росол со победата над Евгени Королев.Чешка во полуфиналето за противник ќе ја има Аргентина која со 3:1 славеше над Франција, клучниот поен на Аргентинците им го донесе Карлос Берлок кој во решавачкиот петти меч го победи Жил Симон со 3:1.Новак Ѓоковиќ ја предводеше Србија до победата над САД од 3:1, најдобриот светски тенисер и покрај повредата на зглобот со која се здоби на почетокот на мечот со Сем Квери, забележа победа од 3:1. Ѓоковиќ особено импресивен беше во третиот и четвртиот сет во кои на Квери му препушти само еден гем.Канада во четвртфиналето ја победи Италија со 3:1, решавачкиот поен на Канаѓаните им го донесе Милош Раониќ го  совлада Андреас Сепи. Со пласманот во полуфиналето Канада го оствари најголемиот успех во Дејвис купот.Полуфиналните мечеви Аргентина-Чешка и канада-Србија ќе бидат на програмата во септември, по завршувањето на УС Опен.
МакфаксЧешка, Аргентина, Србија и Канада изборија пласман во полуфиналето во Светската група во тенискиот Дејвис куп.

Пронајдете не на следниве мрежи: