Познато е кој е следниот претседател на Украина: Никој не очекуваше вакво сценарио, што ќе каже народот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да добие нов мандат и покрај падот на довербата кај граѓаните, изјави поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, во интервју за новинарот Дмитриј Гордон.

Кулеба процени дека Зеленски ќе остане на власт во наредниот период, без оглед на моменталните политички околности и расположението на гласачите.

-Зеленски ќе биде следниот претседател. Мислам дека да – рече Кулеба .

Според анкетата на јавното мислење спроведена во февруари од компанијата „Ипсос“, Зеленски не е меѓу тројцата политичари на кои граѓаните им веруваат најмногу. Пред него се поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни , боксерот Александар Усик и шефот на претседателскиот кабинет Кирил Буданов. Зеленски го освои четвртото место.

Изборите се уште неизвесни

Мандатот на Володимир Зеленски истече на 20 мај 2024 година, но претседателските избори не се одржаа тогаш поради воена состојба и општа мобилизација. Зеленски претходно изјави дека изборите не се приоритет во сегашните околности.

Прашањето за изборите во Украина беше покренато и на меѓународно ниво. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во декември 2025 година изјави дека треба да се одржат избори, нарекувајќи го Зеленски „диктатор без избори“ и тврдејќи дека неговиот рејтинг на одобрување паднал на околу четири проценти.

Кон средината на февруари 2026 година, Зеленски ја спомена можноста за одржување претседателски избори истовремено со референдумот, но по таа изјава немаше дополнителни информации за конкретни чекори.
The post Познато е кој е следниот претседател на Украина: Никој не очекуваше вакво сценарио, што ќе каже народот… appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: