Познато кога Катица Јанева треба да оди на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ откако нејзиниот глас се слушна во објавените разговори меѓу Боки 13 и Орце Камчев.
Поканата која ја добила Јанева е за вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пренесува ТВ Сител.
Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот “Поштенска банка” за кој според писмената изјава на Обвинителката Лиле Стефанова, требало да биде затворен по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева.


На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.
Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.