Познато кој бил првиот пациент заразен со Корона: Жената од каде што тргна опасниот вирус

Според „Дејли меил“, првото лице за кое било откриено дека е заразено со КОВИД 19, врз основа на увид во доверливи документи добиени од медиумите, била 57-годишната Веи Гушијан, продавачка на свежи ракчиња на пазарот „Хуанан“ во Вухан, Кина. Веројатно таа е изворот на пандемијата со коронавирусот, заклучува британскиот весник.
Кинеските медиуми објавија дека Веи живеела во изнајмен стан на помалку од 500 метри оддалеченост од пазарот, а на 11 декември минатата година првпат имала покачена телесна температура. Мислејќи дека е сезонски грип, Веј отишола во блиската мала клиника полна со пациенти по совет на лекарите. Инјекциите што ги добила не и помогнале.
Кинеските медиуми не го откриле идентитетот на продавачката, меѓутоа, тоа го направил „Вол Стрит Журнал“.
Веи, за која се верува дека се заразила со КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2, ги опишала симптомите кои ги имала и рекла дека чувствувала умор, но не како во претходните години.
Грипот го добивам секоја година, затоа мислев дека е повторно грип“, изјавла Веи за шангајски весник.
Кинескиот центар за превенција и контрола на болести објави во јануари дека луѓето со коронавирус биле заразени со диви животни кои се продаваат како храна на пазарот во Хуанан.
Веи изјавила дека работела на пазарот додека била болна. Подоцна отишла во болница во Вухан на преглед кај друг лекар.
Лекарот не можеше да разбере што е во прашање и ми даде лекови“, рече Веи, додавајќи дека не и било подобро од лековите.


Таа се вратила на клиниката каде првично била прегледана за поголема доза на инјекции.
Се чувствував полошо, скоро без сила“, рече таа.
Потоа отишла во една од најголемите болници во Вухан на 16 декември за да ја утврди причината за болеста. Доктор во болницата и рекол дека болеста од која страда е „немилосрдна“ и дека примиле повеќе пациенти, кои биле на пазарот во Хуанан, со слични симптоми.
Многу луѓе беа во болницата во тоа време“, рече Веи.
Според изјавата на Советот за јавно здравје на градот Вухан, објавена на 31 декември минатата година, Веи била една од првите 27 пациенти на кои му е дијагностицирана КОВИД-19. Меѓу тие 27 пациенти, 24 биле поврзани со пазарот на кој се продаваат домашни и диви животни. Во соопштението се вели дека не се пронајдени докази дека вирусот бил пренесен од личност до личност.
И покрај овие факти, идентитетот на првото лице заразено со коронавирус, „нулта пациентот“ сè уште не е познат.
Иако Веи е првата личност на пазарот во Хуан, на која и бил дијагностицирана инфекција со коронавирус, 70-годишен пензионер врзан за кревет се наведува како прв пациент. Овој човек ги почувствувал симптомите на први декември и претходно не бил во контакт со пазарот од каде што започнал да се шири смртоносниот вирус.


Еден друг кинески весник, пак, пишува дека класифицирани документи на владата покажуваат дека на 17 ноември е идентификувано првото лице на кое му е дијагностициран КОВИД-19. Седум недели подоцна, кинеските власти објавија дека откриле нов вирус. Карантинот бил воведен во одредени градови само два месеци откако бил препознаен првиот пациент. Необјавени податоци покажуваат дека пред 31 декември кинеските власти идентификувале најмалку 266 лица кои се заразиле со коронавирус. Во тоа време, локалните власти во Вухан казнуваа група лекари кои сакаа да предупредат за болест која потсетува на САРС, односно тежок акутен респираторен синдром.
Кинеските власти соопштија дека првиот пациент заразен со коронавирус се појавил на 7 декември.
Пекинг ги отфрли тврдењата дека Вухан е извор на пандемија, а минатата лидерот на тим експерти за здравствена криза ги нарече ваквите тврдења за неодговорни.
Епидемијата на коронавирус потекнува од Кина, во Вухан, но тоа не значи дека Вухан е неговиот извор“, рече д-р Зонг Наншен.

Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.