Поранешната ѕвезда на НФЛ Серџо Браун е уапсен под сомнение дека ја убил својата мајка.
Браун исчезна по смртта на неговата мајка, но полицијата го пронајде и го уапси по повеќенеделна потрага. Овој 35-годишен спортист е уапсен во Сан Диего при влез во Америка од Мексико.
Неодамна случајно беше откриено дека се забавувал во ноќен клуб во Мексико, во моментот кога по него била распишана потерница.
- Сенаторот Мекол: Губењето на Украина би ги ставило САД во губитничка позиција
- Новата одлука на Меган Маркл ја покажува нејзината опсесија да не ја изгуби контролата над проблемите со кралското семејство
- ЕСМ ЗАБРЗАНО СЕ ЗАДОЛЖУВА, потрошило дури 48 милиони евра за набавка на струја во последните три месеци
- Мелони во ненадејна посета на Трамп
- Шолц за Илон Маск: Не го хранете тролот
73-годишната мајка на Серхио е пронајдена мртва под мистериозни околности. Според американските медиуми, телото на Миртл било пронајдено на 16 септември во поток кој тече во близина на куќата во која живеела со синот.
Потрагата ја иницирало семејството по пријавување на исчезнувањето на мајката и синот.
Обдукцијата потврдила дека Миртл починала како последица на нејзините физички повреди.
Серхио Браун ги помина од 2010 до 2016 година во НФЛ. Играше за Њу Ингланд Патриотс, Индијанаполис Колтс, Џексонвил Јагуарс, Атланта Фалконс, Бафало Билс.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.