Познат идентитетот на загинатиот и повредените во тешката сообраќајка кај Св.Еразмо

Охридската полиција соопшти најнови детали за сообраќајната несреќа во која вчера едно лице го загуби животот, а три се повредени.
Како што и вчера објавивме во несреќата учествувале четири возила, а истата се случила во 14,40 часот на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека сообраќајна незгода се случила помеѓу “фолксваген голф“ со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управуван од Е.Љ.(22) од Охрид, “фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управуван од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.
-Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“, вели Димоски.
Увидна екипа од СВР Охрид извршен увид на местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.