Познат идентитетот на загинатите во “Цесната“

Дел од бугарските медиуми објавија дека во авионската несреќа што вчера се случи кај Солунска Глава загинаа бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и нивните две ќерки.
– Авионот “Цесна“ за кој во 16:16 часот беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Загинатите лица се родени 1970, 1972, 2000 и 2005 година. Бидејќи остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина, потрагата продолжува денес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.