Познат олигарх од Бугарија со семејството загина при падот на авионот?

Познат олигарх со семејството биле во авионот кој се сруши попладневно на северната страна на Солунска Глава, над селото Пуста Брезница, се дознава неофицијално.
Во моментов екипа на полицијата и планинарски екипи се упатени кон местото на несреќата. Според листата на патници станува збор за маж, жена и две девојчиња.
Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.


„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.
Потрагата со два полициски хеликоптери е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.