Познат спортист во пеколот на дрога: „Западнав во депресија, да не беше кокаинот ќе вредев 200 милиони“

По Галата се пресели во лисабонски Спортинг, а го скрши тоа што не отиде со Бразил на СП 2002 година.

Пензионираниот бразилски фудбалер Марио Жардел во своите најдобри денови ги тероризираше противничките одбрани, а сите ги триеја очите и се прашуваа како е можно тој да не игра во поголем клуб од Порто . Во времето кога Бразилците ја „пустошеа“ планетата, Порто прво го забележа талентираниот напаѓач Васко де Гама, па Греми, а потоа го донесе летото 1996 година, а до 2000 година постигна дури 170 гола и го одбележа историјата на клубот.

Тој подоцна се пресели во турски Галатасарај за 16 милиони евра и се очекуваше да ја продолжи својата блескава кариера. Сепак, Жардел тргна на погрешен пат во неговиот налет во пеколот на дрога, кој започна веќе во Порто, што тој отворено го призна во едно интервју пред неколку години.

-Доколку играв денеска, би вредел меѓу 150 и 200 милиони евра – изјави Жардел.

По Галата се пресели во лисабонски Спортинг и го скрши тоа што не отиде со Бразил на Светското првенство во 2002 година. Кога ја завршил кариерата, почнал се повеќе да се дрогира и на крајот банкротирал.-Користев дрога, земав кокаин и паднав во депресија. И сосема случајно влегов во светот на дрогата. Кога ќе станеш успешен фудбалер има многу стапици, лажни пријателства и слично. Некои ми нудеа дрога и почнав редовно да ја консумирам – изјави Бразилецот.

Жардел во интервјуто признал дека сите во Порто знаеле дека се дрогира, а најлошото било во 2002 година. Наместо да биде на Мундијалот и да му ја донесе титулата на Бразил, Жардел користел кокаин.

Тогаш се предозирав и бев буден седум дена. Повикав проститутки и мислев дека никој ништо не може да ми направи, се беше по моја волја. Не ми беше лесно да бидам јавна личност со висока плата и популарност – додаде Бразилецот кој сега има 50 години и живее многу помирен живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: