Покрај елката, овој украс треба да го има секој дом- легендите за Божиќната ѕвезда

Покрај китење на елката, многу семејства домот го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божиќ.
Цветовите на Божиќната ѕвезда, всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението, кои можат да бидат во најразлични бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем.
Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божиќ, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.
Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда.


Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.
Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.


Божиќната ѕвезда е совршена за подарок, а со своите прекрасни цветови го разубавува секој простор за време на празниците.
Кога ќе купувате нова Божиќна Ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата да доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.