Покрената постапка за двајца стружани кои организирале пренос на дрога

Основното јавно обвинителство Струга започна истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, двајцата осомничени на 19 септември, околу 19.40 часот, на локалниот пат од село Корошишта кон село Волино организирале пренос на наркотична дрога марихуана во количина од 9.925 грама.


По спроведена акција на Основното јавно обвинителство Струга, во координација со Министерството за внатрешни работи, осомничените стружани на возраст од 30 и 32 години се лишени од слобода.
Надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка, а поради постоење законски основи доставен е и предлог за определување на мерката притвор до Основниот суд Струга.
Предлогот на Обвинителството е прифатен од страна на судијата на претходна постапка кој со решение на осомничените им определи притвор во траење до 30 дена.​

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.