Снимката од видео надзор снимена во Ланус, Аргентина стана вирална на социјалните мрежи поради катастрофалниот возачки испит.
Имено, во видеото од камерата за надзор, кое во меѓувреме стана многу популарно, жена се вози на паркинг во својот син автомобил.
Станува збор за 63-годишна жена, која полагала возачки испит во овој аргентински град, но бидејќи не се снаоѓала добро, се гледа како на почеток вози бавно, потоа неколку пати се качува на тротоар, а на крајот ја притиска педалата за гас и удрила во бандера. При судирот автомобилот се превртува.
Екипи на Цивилната заштита и пожарникари биле повикани да ѝ помогнат на жената да излезе од возилото по превртувањето. За среќа, се здобила само со полесни повреди и била пренесена на лекување во болница.
Нејзиното полагање на возачки испит насмеа многумина, кои решија да се пошегуваат во коментарите под објавата која кружи на сите социјални мрежи.
„Дали го положи тестот“, „Погрешна педала“, „Не ѝ треба возачка туку автобуска карта“, „Мило ми е што беше на полигонот“, „Уште малку вежбање и ќе почне работи за Uber“, се дел од коментарите.