Политички незрел потег, вели владината портпаролка за ултиматумот од СДСМ

Политички незрел потег, вели портпаролката на Владата Марија Митева за најавата на лидерот на СДСМ дека доколку не се повлечат законските измени за укинување на Пржинската влада, нивната пратеничка група нема да учествува во работната група за Изборниот законик.
      Не можам да разберам како Филипче вчера кажа дека имаме пораст на гласовите, а денеска дека е против укинување на техничката влада за која во минатот беа согласни дека треба да се укине, рече Митева.
Лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес-конференција постави ултиматум дека ако продолжи процедурата во Собранието за носење на измените на Законот за Влада дека нема да учествуваат во работната група за изборниот законик. Според Филипче, се уште не се создадени услови за укинување на Пржинската влада.
Прашањето за укинување на Пржинската влада беше отворено на последната лидерска средба на која не присуствуваше СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: