Полицаец во Гази Баба си го чистел пиштолот, па си пукал во рака

На 08.02.2020 во 06:15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка.
За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден.
Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.