Полицајка се сликала полугола во униформа и фотографија ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа. Иако заматени, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите.
Полициската службеничка е вработена во министерството пред 11 години, и работи во Одделот за гранични работи и миграции.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате“, велат кратко од МВР.