Полицајка со бомба му се заканувала на новиот директор на затворот “Шутка“

Жена, неофицијално, вработена во МВР му се заканувала со бомба на новиот директор Есад Рахиќ пред затворот “Шутка“, дознава “24 инфо“. Не се познати причините за заканите.
Од МВР потврдиле дека се случил инцидент, но вербален. По упатените закани жената си заминала, била идентификувана и се преземале мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.