Во тековната полициска акција на северот на Црна Гора се вршат претреси во повеќе градови, а запленети се над 100 парчиња оружје, најмногу во Плав, пренесува порталот РТЦГ.
Како што се наведува, полициската управа спроведува голема акција со цел борба против организираните криминални групи.
Полицијата упаднала во просториите на неколку лица осомничени за поврзаност со организирани криминални групи, пишува црногорскиот портал.