Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.
Дејан Димовски одговараше директно на прашањата на Љупчо Палевски – Палчо
П – дали се сеќавате на оваа фото-документација број 1306/2024 екомуникација меѓу вас и обвинетиот александар?
му го покажуваат документот
д – да, моја комуникација
п – во однос на цитроенот, што беше чудно, кажавте дека е чудно, на 02.12 во 11.02 минути александар ви пратил слика од цитроенот?
д – точно е дека ми прати
п – дали на истиот дeне го лишивте од слобода велибор манев во велес?
д – вечерта можеби беше тоа, таа порака е испратена, а лишувањето на Велибре е подоцна, вечерта беше
п – кога беше донесен Велибр манев во скопје во ПС Пролет?
д – ноќта, точно време не можам да ви кажам, еден-два часот
п – дали присуствувавте на испрашувањето?
д – не, јас утредента го видов, кога се вративме од Бразда
п – дали се сеќавате на исказот на Велибор манев при испрашувањето?
д – на делови кај што бев јас да
п – ќе може попрецизно да соопштитe сомневања дека, што слушнал каko исказ од обвинетиот Велибор Манев?
д – утрото рече дека спиел во тој објект, станал околу 5.30, Кешишев отишол да земе бензин од Макпетрол пешки, после сте отишле сите заедно четворицата некаде во Радишани каде Цитроенот бил препаркиран, тој не го оставил таму, го оставил на паркинг позади политичката партија, рече они го препаркираа и сабајчето отидовме во Радишани, тргнавме накај Центар
п – околноста александаr и палевски комуникација ако може подетално заа информацијата за комуникацијата
д – тоа не траеше долго, на нашето прашање како знаевте дека девојчето ќе биде само, анализиравме дека децата стално одат заедно во школо, кога прашавме како знаевте дека ќе биде сама, рекоа Палчо ја имал информацијата од таткото
судија – поставувате прашања за информативен разговор, не можат да се поставуваат прашања за тоа
п – на трети кога е однесен да даде исказ во обвинителството Велибор Манев има исказ дека само сум ги познавал роителите, но не и дека сум комуницирал „претпоставувам Палевски ги познава родителите“ тоа е исказ, дали велибор го спомна името Александар во полициска станица?
д – не се сеќавам, мислам дека викаше со таткто, не со име
п – освен сомневањето, пронајдовте било каква комуникација меѓу александар ѓорчевски и палевски?
д – НЕ
п – дали ги прашавте обвинетите при разговорот дали постои засолниште за маолетната жртва вања ѓорчевска, дали подготвиле засолниште
д – не сме ги прашале
п – ако нема засолниште, не е коментар увод е (кон судијата). Вие не сте се сомневале дека Вања е убиена, зошто?
д – ви објаснив два саати
п – зошто тогаш кога сте се раздвоиле на двата пата кажавте дека сте очекувале леш
д- панче го очекувавме
п – имате одлично ивестување до ОЈО од 12 јануари, вие сте потпишани и дали ви е позната службената белешка 2532 од 07.12 за хотел романтик, во врска со камерите?
д – не се сеќавам стварно
п – дали некој од вашите оперативци воопшто ја читал оваа службена белешка
д – тоа е материјал претпоставувам од колегитe од Велес, не е мој материјал тоа, не постапуваме за Велес ние
п – предадена ви е на 13 декември
судија – кажа дека не знае
п – дали добивте одговор кога е копана дупката за вања
д – да
п – кој е одоговор, кога е копана?
д- еднаш беше дека е тогаш, тој ден на 27ми кога биле горе, не знам дали се колебал и претходниот ден не се знаеше дали доаѓале
п – дали ова тогаш значи 27.11?
д – да
п – дали воопшто ви беше познато дека во велес со службена белешка е констатирано три лица учесници во грабнување?
д – не се сеќавам
п – дали мене ме видовте на било која камера?
д – да
п – на која?
д- на камерите од Сјеф Сити на неколку локации од Скопје, се гледа лице
п – дали утврдивте кога осомничените возила по убиството на Панче влегле во Град Скопје?
д – ние го истражувавме убиствово на Вања, а кога е утврдено, трипати има влез во скопје цитроенот на 24ти, 25ти и 27ми, а кангото има само во скопје
п – прашањето е за 22.11 денот на убиството на Панче
д- не го гледав тоа не се сеќавам
судија – од каде знаеме кога е убиството на панче?
п – од обвинението
п – дали за патувањето во белград ви спомнале каде сум престојувал
д – не од колегите од белград
п – во доказите стои точно секторот за меѓународна размена има неколку информации до вас за мојот пат до белград, дали ви пратија и каде престојувал палевски во белград?
д – не се сеќавам, имавме информации за границата и исплата на средства од Швајцарија во два-три наврати, а тоа ни потврди и адвокатот Васко бидејќи сте му барале пасош заради ограничување на средства што може да ги примите и тоа беше потврдено
п – дали се сомневавте дека јас бегам?
д – ние за вас ви кажавме као дојдовме до вас, бевте недостапни, тоа се факти
п – дали се сомневавте?
д – дознавме кога се беше зваршено, немаше што да се сомневаме
п – како утврдувате идентитет на лице од уреди кои со закон регулираат идентификација на возила
д – фотографиски само, по фотографија, тој систем може да направи фотографија и да направите увид
п – дали пораката за која ве прашав веќе за цитроенот од александар, дали се покажа за точна, дали е точно тврдењето на александар?
д – се покажа дека е точно
п – и тоа е сомнително за вас кога родител пронашол и се посомневал дека е овој цитроен?
д – многу коли поминаа, што ви е прашањето?
п -дали тоа беше сомневање за александар?
д – помеѓу другото беше, зошто би ја посочил таа кола
п – дали се сеќавате дека пред вас се повикал на влатко кешишев обвинетиот велибор манев во врска со разговор меѓу палевски и александар?
д – не се сеќавам
п – освен тврдењата на обвинетите, кое е сомневањето дека јас сум оганизатор?
д – за тоа има судење, нека се види
п – дали воопшто во предистрагата се појави било какво барање за откуп?
д – не
п- дали било каков контакт е сомнителен е воспоставен со родителите на вања, обид за откуп?
судија- веќе е одговорено
д – немаше
п- успеавте да докажете комуникација меѓу мене и александар?
д – НЕ