Полициски час од 21 – 06 часот наутро е најновата мерка што вечерва ја изгласа Владата по предлог на Комисијата за заразни болести, пропратено со дополнителни мерки, рече на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Се работи за опстанокот на граѓаните, на економскиот систем и на државата“, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски во обраќањето до граѓаните придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Ова е прв пат во историјата на нашата држава да се воведе ваква мерка.
„Веќе ништо не е исто, животот радикално се пронмени кај нас и во светот. Тоа бара радикално менување и на нашето секојдневие. Затоа ја донесуваме оваа тешка одлука врз основа на стручно мислење на Комисијата за заразни болести, согласно нивните наализи за пренесување на коронавирусот, и за да се спречи негово ширење“, рече Спасовски.
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И ОВА НА ТЕМА:
Пронајдете не на следниве мрежи:


