Денеска (12.08.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Пехчево.
Во 66 налети исфрлени се над 140 тони вода со што се локализирани дел од краците.
Пожарот е се уште активен и продолжуваат активностите за негово гасење.