Полициски час: Нема луѓе на улиците, но се појави гладна пума

Дива пума, во потрага по храна, се спушти од планините околу Сантијаго и се прошета низ празните улици на чилеанскиот главен град, во време кога во него е во сила полициски час поради корона-пандемијата.
Животното е фатено вчера, по интервенција на полицијата, Службите за земјоделство и сточарство (САГ) и тим од градската Зоолошка градина.

-Ова некогаш било нивно природно живеалиште, од кое ние сме ги потиснале… Пумата не е повредена и е здрава, истакна Марцело Џијањони, регионален директор на САГ.
Денес во Сантијаго има скоро седум милиона жители.
Пумата е една година стара и е тешка 35 килограми. Пренесена е во зоолошката, каде што стручните лица треба да ја прегледаат.
Владата во Чиле во неделата воведе полициски час поради ширењето на коронавирусот. Во земјата до вчера биле заразени 922 лица, а две се починати. Претходно, Чиле ги затвори своите копнени, морски и воздушни граници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.