Полицијата во Германија со хеликоптер трага по убиец што застрелал двајца мажи 

Германската полиција денеска трага по убиецот или по убијците на двајца мажи во градот Бад Наухајм. Двојното убиство се случило вчера кога биле убиени двајца мажи во зграда 35 километри северно од Франкфурт.

Според полицијата 59-годишниот маж и неговиот 28-годишен зет биле убиени со истрели од огнено оружје. Жртвите се од турска националност според „Дојче Веле“. Тие претходно не ѝ биле познати на полицијата.

Не може да се исклучи дека се работи за повеќе од 1 напаѓач.

Хеликоптер е вклучен во потрагата по убиецот или по убијците.

Според полицијата личен мотив имал клучна улога во убиствата и јавноста не е во опасност.

Пронајдете не на следниве мрежи: