Полицајците од Дубаи започнаа со обука за користење на летачките возила со четири мотори. Ове ќе им биде од голема помош за борбата против криминалот, известува Дејли Меил.
Полицијата верува дека новите машини, кои тогаш ги дизајнирал тим од една технолошка компанија од Калифорнија, ќе им помогнат да имаат пристап до подрачјата каде ќе реагираат на итни случаеви.
Снимката покажува како еден полицаец го користи ова возило. На себе има посебно одело и кацига, а вежбата се одвива на еден фудбалски терен во Дубаи.
Овие мотоцикли ќе се користат во 2020 година, а две екипи веќе започнаа со управување на овие возила, пренесува CNN.
Фирмата истакна дека полицијата во Дубаи би можела да обезбеди околу 30 или 40 вакви возила доколку се заинтересирани.
Цивилите исто така ќе можат да го купат ова возило по цена од 150.000 долари, но ќе мора да поминат низ тестови кои ќе покажат дали знаат безбедно да го користат.
Возилото ќе може да лета 40 минути, а притоа наликува на дрон. Кога ќе истече наведеното време, мора повторно да се наполни.