Полицијата ги чува последните два бели носорози на планетата: Последниот маж почина, нема надеж за нив

Нату и Фајин се единствените претставници од ваков вид и живеат во оградена област, додека за нив се грижат членови на резерватот за национална полиција во Кенија
Полицијата ги чува последните два бели носорози на планетата: Последниот маж почина, нема надеж за нив (ФОТО)
Фотографија од Кенија на која се прикажани последните два бели носорози го обиколи светот. Ветеринари и ловочувачи од округот Лаикипи ги штитат мајката и ќерката на северниот бел носорог од ловокрадците.
Автор на фотографиите е добро познат натуралист фотограф од САД, Џастин Мот, како дел од специјалната серија фотографии наречена „Kindred Guardians“ чиј фокус е животот на луѓето кои својот живот го посветиле на зачувување на природата, пишува ДДЛ .
Последниот мажјак од овој вид почина пред три години во истиот парк, што значи дека нема надеж за северниот бел носорог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Mott (@askmott)


Нату и Фајин се единствените претставници од ваков вид и живеат во оградена област, додека за нив се грижат членови на резерватот за национална полиција во Кенија.
Жалосно и алармантно е што популацијата на сите носорози во светот драстично опаѓа и најмногу од сите белите носорози се пред истребување.
Секојдневно сме сведоци на загрозеност на природните живеалишта, прекумерен лов, загадување на природата. Ова доведува до алармантно намалување на популацијата на дивата флора и фауна и до најлош исход, истребување на видовите.
Уште колку видови треба да изумрат за да станеме свесни како човештво?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.