Министерството за внатрешни работи пред малку го потврди кривично правниот настан во кој учествувал познатиот македонски актер, Сашко Коцев.
Имено МВР потврди дека Коцев со својот автомобил удрил во полициски службеник кој му дал знак за запирање за да помине делегација составена од г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфирије кои вчера имале состанок во хотелот Мериот.
На 27.01.2025 околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.