Франческо Амато е уапсен од полицијата. Тој денес држеше заложници во пошта во италијанскиот град Пјеве Модолени. Амато пред излегување ослободи уште двајца од четворицата заложници, а засега не е познато дали сам се предал или полицијата влегла во поштата.
Амато прво зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите за внатрешни работи и одбрана Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.
Минатата недела Амато бил осуден на 19 години затвор заради вмешеност во организиран криминал, а е еден од 125 обвинети, кој е осуден минатата недела заради учество во мафијашката група Ндрангета.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.