Полицијата непрекинато санкционира, возачите и понатаму несовесни

Во полициската акција спроведена во Скопје ноќеска од 23:00 часот до 05:00 утрово санкционирани се 33 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а 28 за возење побрзо од дозволеното. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи.
Како што информираат од МВР, откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.
Во периодот од 05:00 до 24:00 часот на 21.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе и акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.
Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози.
Во периодот од вчера од 22:00 до 05:00 часот утрово Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје со специјално возило „пајак” подигна 43 погрешно паркирани возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.