Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, злосторствата ги извршил на пет локации во рок од 30 минути и дека за првите убиства полицијата добила погрешна локација.
Тој на вонредна прес-конференција рече дека цетинската полиција била известена во 17 часот и 26 минути дека во кафеана било употребено огнено оружје, но кај нив била пријавена погрешна локација – Бајице.
Шќепановиќ рече дека од првото до последното убиство поминале вкупно 30 минути. Патролата најпрво била упатена на погрешна локација, која, како што вели, прво ги забавила нивните дејствија.
Тој рече дека вчера попладне, според потврдени информации, загинале 12 лица, меѓу кои две деца, додека четири лица се ранети.
Посочена е локацијата во местото Бајице, каде во 17:31 часот била испратена полиција и утврдила дека тоа не е местото на настанот… По тој повод полицијата била испратена на погрешна локација“, изјави Шќепановиќ.
Како што рече, во 17 часот и 16 часот било констатирано дека во кафеаната веќе се убиени четири лица.
„На таа локација Мартиновиќ го ранил М.В. роден 1984 година, А.М. (1983), Д.К. (1985). Сите тие преку ден престојуваче заедно во кафеаната и се познавале, изјави Шќепановиќ.
Како што вели, Мартиновиќ веднаш се упатил на друга локација во 17:00 часот во населбата Хумци.
Мартиновиќ со автомобил пристигнал во населбата Хумци и во куќата прво го убил Ј.О. и М.М.
Таму, како што вели, била ранета М.М., сопругата на убиениот М.М. Таа успеала да побегне ранета со детето во раце.
-Потоа отишол во куќата на родителите на веќе убиениот М.М. и ги усмртил неговите родители Р.М. и Р.М., рече Шќепановиќ.
Крвавиот пир го продолжил во убиството на двете деца. Потоа ја усмртил и својата родена сестра со која, како што изјавија од полицијата, бил во добри односи и само неколку часа претходно во нејзиниот дом заедно со неа и нејзиното семејство ја прославил Новата година.
-Кај убиецот е пронајден пиштол со куршум во цевката, 10 куршуми во рамката и една чаура. Во неговата гардероба се пронајдени 64 куршуми и уште 15 куршуми, изјави Шќепановиќ.
На пет локации пронајдени се вкупно 37 чаури, девет проектили и 11 делови од проектили, рече Шќепановиќ.
Според него, на бруталните убиства им претходела расправија во кафеаната и консумирање алкохол.
-Повеќето од убиените се негови познаници, пријатели, кумови и најблиски роднини, рече Шќепановиќ.
Мартиновиќ не бил женет и живеел сам. Работел како автолакер.