Полицијата „растури“ бадникарски оган во Орман, десетина лица приведени

Полициски службеници вечерва затекнале десетина лица крај оган во село Орман, во Скопје. Организаторите на „забавата“ се приведени и, како што најавија од Министерството за внатрешни работи (МВР), се соочуваат со соодветни поднесоци.
Од МВР во текот на денот апелираа до граѓаните да не организираат какви било собирања и да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Притоа потсетија дека на сила е забраната за организација и одржување на прослави на јавни места, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и во затворен простор на физички и на правни лица во периодот од 18 декември во 2020 година до 21 јануари во 2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.