Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва во Клиничкиот центар со повреди од огнено оружје биле примени двајца жители на Арачиново.
„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново. Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди”, соопшти МВР.
Ова е втор инцидент со пукање и повредени во скопското село во последните десетина дена.