Полиција ги опкружува местата каде што престојува Мијалков, од него ни трага ни глас

Две полициски возила се пред зградата каде што живееше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во скопската населба Капиштец. Инаку сега, неговото живеалиште е на Водно, каде што исто е видливо полициско присуство. Полицијата е стационирана кај хотелот „Панорама“, односно пред слепата уличка која води кон живеалиштето на Мијалков.
Нему треба да му биде доставено решение за куќен притвор издадено од Кривичниот суд, а на барање на обвинителството. Полицијата повече од три часа не може да го најде Мијалков, за да му го достави решението. Неофицијално, наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во петок, каде што тој е првообвинет.

Шпекулациите кои се шират во јавноста е дека тој е бегство, но засега ниту една надлежна институција не може да ги потврди овие информации.
Пред хотелот „Мериот“ во Скопје, според известувањата на нашиот репортер на терен, е мирно. Не е видливо полициско присуство. Хотелот „Мериот“ тој го пријави како адреса за извршување на мерката куќен притвор, но во меѓувреме му се изгуби трагата на првообвинетиот во „Таргет-Тврдина“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.