Полиција пред домот на Канческа, специјалци го чуваат Мукоски !

-Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.
За обвинетите во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.
-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа што тоа се целите кои не обединуваат“.
Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на Елизабета Канческа Милевска, а пратеникот Крсто Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци. Истите оние специјалци, поради кој тој и неговите родители плачеа кога го апсеа, а сега го бранат од народот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.