Полициски екипи вчера го опколиле домот на пејачката Ријана во Лос Анџелес. Странските медиуми пишуваат дека полицијата била повикана откако се појавил маж пред куќата за да ја побара пејачката за жена.
Неидентификуваниот маж наводно отпатувал во Лос Анџелес од Јужна Каролина и се појавил во нејзиниот дом во Беверли Хилс за да ја запроси пејачката, пишува TMZ.
Обезбедувањето на Ријана повикало полиција, која пристигнала и го уапсила мажот.
Подоцна било утврдено дека мажот не прекршил ниту еден закон, по што бил ослободен и му било кажано повеќе да не се враќа.