Полнети тиквички кои се топат во уста!

Доколку сакате да пробате нов рецепт со тиквички ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со колбас, рикота и спанаќ. Секако, ако не сте љубители на месо, можете да го замените колбасот со варен грашок и да уживате во ова вкусно јадење.

Потребни состојки:
3 поголеми тиквички
350 грама печеница или свежи колбаси
400 грама свеж спанаќ
4 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
200 грама рикота
150 грама пармезан
150 грама моцарела
1 јајце
сол, бибер, босилек, црвен пипер
1 тегла сос од домати или Arrabiata сос

Начин на подготовка:

Добро измијте ги тиквичките и тенко исечете ги по должина. Наредете ги во сад за печење и покријте ги со хартија за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги околу 20 минути.
Подгответе го филот. Ставете ги колбасите во тава и пржете ги на тивок оган. Извадете ги колбасите од тавата и додадете лук и спанаќ. Пржете околу пет минути.
Во садот со колбасот додадете ги приготвениот спанаќ, моцарелата, рикотата, пармезанот и јајцето. Зачинете со сол, бибер, босилек и црвен пипер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.