Во синоќешната емисија “Клик Плус“ на ТВ“21“ генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари го испровоцира опонентот од ДУИ, Артан Груби, со изјавата дека половина од партиските членови на ДУИ во првиот круг од претседателските избори нема да гласаат за Стево Пендаровски, туку за Блерим Река. Според него да не беше СДСМ, ДУИ сега ќе имаше градоначалници само во Липково, Сарај и можеби во Кичево.
Река има поддршка од опозициските албански партии Алијансата за Албанците и Беса, додека ДУИ се договори со СДСМ заедно да го поддржат Пендаровски.
За поддршката на ДУИ за Пендаровски, Груби рече дека во 2014 година тој бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира и неговата партија.