Полска до Нетанјаху: Ако дојдеш на годишнината од ослободувањето на Аушвиц, ќе бидеш уапсен

Полска објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе биде уапсен доколку ја посети земјата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц на 27 јануари, во согласност со налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд.Медиумите пренесуваат дека Владислав Бартошевски, полскиот заменик-министер за надворешни работи, изјавил дека Полска ќе го изврши налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд.Во ноември, МКС ги обвини Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства.Според Римскиот статут, потпишан од Полска и сите земји-членки на Европската унија, земјите се законски обврзани да ги извршуваат налозите за апсење на МКС.На годишнината од ослободувањето на Аушвиц вообичаено присуствуваат истакнати меѓународни лидери, но оваа година израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар ќе биде единствениот официјален претставник на Израел на настанот.Не се очекува да присуствува претседателот Исак Херцог, а израелските власти одбија да потврдат дали Нетанјаху планира да присуствува.

Пронајдете не на следниве мрежи: