Полска е најзлобниот и највулгарниот критичар на Русија

Во есеј објавен на неговиот канал на Телеграм Медведев коментираше за Полска. За мошне кратко време постот има 500.000 прегледи, што укажува на тоа дека русите успеале да изградат алтернативен начин на информирање од оној на големите социјални мрежи, кои веќе се забранети.

„Додека Европа е добро свесна колку ќе ѝ наштетат санкциите воведени на Русија, нашата најомилена европска земја, како и секогаш, се истрча пред забрзан воз. Буквално. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки отпатува за Киев со специјален воз со чешкиот и словенечкиот премиер“, пишува Медведев.

„По враќањето, Моравјецки свечено најави развој на програма за дерусификација на полската и европската економија, смело додавајќи дека вакво нешто може да има цена. Така е, скапо е и бесмислено. Но, Полска повеќе не гледа на трошоците. Сè што можеше да изгуби поради својата долгогодишна патолошка русофобија веќе го изгуби. Не ѝ е важно дали ќе изгори целата куќа, кога веќе изгорела шталата“, додаде тој.

„Полската пропаганда е најзлобниот, највулгарниот критичар на Русија. Тоа е заедница на политички имбецили. И покрај фактот што не сакаме да ги премолчиме ниту најмрачните страници од нашата заедничка историја, во Полска сакаат да ја заборават Втората светска војна. Пред се, сакаат да ги заборават советските војници кои го победија фашизмот, ги протераа освојувачите од полските градови, ги ослободија затворениците од Аушвиц и Мајданек“, наведува поранешниот руски претседател.

„Историјата сега се повторува, се уриваат споменици, а фашистичката окупација отворено се поистоветува со „советската“. Тешко е да се смисли полажна и поодвратна реторика, но Полјаците успеваат. Во исто време, во Русија нема и никогаш немало омраза кон Полска или Полјаците“, додаде тој.

„Кога се урна авионот кај Смоленск, при што загина полскиот претседател, нашите граѓани носеа цвеќе до амбасадата и црквите, изразија сочувство преку медиумите и на социјалните мрежи. Тогаш Русија прогласи ден на жалост. За време на моите посети во Полска, бев убеден дека нема пречки за подобрување на односите“, пишува Медведев.

„Сепак, полските елити, предводени од партијата ПиС, а кои се под контрола на американски господари, блокираат секаква нормализација на односите. Интересите на полските граѓани се жртвувани на русофобијата од просечни политичари и нивните прекуокеански господари, кои јасно покажуваат знаци на сенилно лудило“, додаде Медведев во есејот.

Одлуката на Полска да престане да купува руски гас, нафта и јаглен и нејзиното противење на Северен тек 2 веќе нанесоа сериозна штета на економијата на земјата. Но, сега е многу поважно полските елити да покажат лојалност кон својот господар – Америка, отколку да им помогнат на своите граѓани. Затоа, ќе продолжат да го разгоруваат пламенот на омразата кон Русија“, наведува поранешниот руски претседател.

„Што ќе добијат со тоа граѓаните? Апсолутно ништо. Но, порано или подоцна ќе сфатат дека омразата кон Русија не го зајакнува општеството и не придонесува за просперитет и мир. Ќе сфатат дека економската соработка со нашата земја е корисна за Полјаците“, додаде тој.

„Тие ќе сфатат дека поврзаноста меѓу луѓето е неопходна, а културната и научна размена меѓу родните места на Пушкин, Чајковски и Шопен, Ломоносов и Коперник е од витално значење. Полјаците тогаш најверојатно ќе го направат вистинскиот избор – сами, без охрабрување и притисок од прекуокеанските елити кои страдаат од деменција“, заклучи Медведев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.