Полска нема да учествува на Советот на ОБСЕ во Скопје: Ова е причината

Полска денеска соопшти дека нема да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје поради тоа што е поканет рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Полскиот министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек изјавил дека нема да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој почнува утре, ниту пак ќе испрати некој од своите заменици во Скопје, јавија некое светски агенции.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа биде убиена.Таа повеќе пати …

– Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа, рекол полскиот министер.

Нарекувајќи го присуството на Лавров „неприфатливо“, Шинковски вел Сек додаде дека Полска го дели ставот на балтичките земји кои претходно најавија дека ќе го прескокнат состанокот на ОБСЕ.

– Местото на Лавров е во специјалниот трибунал, а не на масата на ОБСЕ, изјави вчера естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна, објаснувајќи го заедничкиот потег на неговата земја и балтичките колеги Литванија и Летонија.

И Украина ќе ја бојкотира годишната министерска конференција поради присуството на Лавров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.