Полскиот боксер – Адуардо Халфон

Едуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и не е – стар пријател.

? Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на Соединетите Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството…

?Според Њујорк тајмс станува збор за „смешно и разоткривачко четиво… Како што границите, физичките и менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак, тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни на Халфон“.

Еве каде можете да ја најдете книгата:
?
Изданието е достапно во сите наши книжарници и онлајн на нашата веб страница за нарачки до вашиот дом или било која посакувана адреса: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13624

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.