Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, објави утринава „Фајненшл тајмс“.
Дуда рече дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.
„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно“, рече Дуда во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Полскиот претседател додаде дека безбедносната ситуација би била поповолна доколку ова оружје веќе се наоѓа во Полска.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.