Матеуш Ј.(35) ја чувал девојката како сексуална робинка и ја малтретирал, а сега на површина излегоа нови шокантни детали. Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на медицински извештаи, тој наводно ѝ ги извадил сите заби и вршел сурови експерименти врз неа.
Девојката, која е идентификувана како Малгоржата (30), била примена во болница минатата недела со изместено рамо, кога се дознала нејзината судбина.
Како што пренесува Дејли Мејл, лекарите во својот извештај заклучиле дека жената со години била подложена на психичко, физичко и сексуално малтретирање и дека нејзиниот мачител најверојатно вршел сурови експерименти врз неа.
Малгоржата ѝ признала на друга пациентка дека била постојано силувана и мачена додека била затворена во подрум во западна Полска. Таа исто така беше брутално осакатена. Меѓу другото, нејзиниот мачител ѝ ги отстранил усните и сите заби. Овие наводи се истражуваат.
Матеуш Ј. е уапсен и му се заканува затворска казна од 35 години. Засега тој ги негира сите обвиненија.
Меѓутоа, неговите соседи секогаш се сомневаа во него.
„Ме плаши кога ќе помислам на фактот дека Матеуш стоеше таму, копаше дупки во градината и нè гледаше“, рече Зџислава Јагело.
Нејзината градина се граничи директно со шталата во која Малгоржата, мајка на две деца, била заклучена во просторија без прозорци со димензии само три на три метри.
“Ништо не слушнавме, не знаеме дали некако ја заштитил куќата одвнатре. Ѕидовите се стари и многу дебели. Со тоа што ѝ го направи, тоа е нешто што треба да го слушнете – нејзините вресоци”. додаде соседот на осомничениот.
Родителите на Матеуш рекоа дека никогаш не го забележале нејзиното присуство и го опишале нивниот син како „добро момче“ кое често го туркало својот татко со хендикеп.