
Според Министерството за внатрешни работи, четири полски навивачи започнале вербална расправија во кафуле на плоштадот “Македонија“, а откако расправијата се претворила во физичка пресметка, реагирала и полицијата. Заради инцидентот четворица фанови на полската репрезентација се приведени, a од видеото се гледа дека полицијата имала сериозна задача да ја расчисти мешаницата во која учествувале поголем број навивачи.
– Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на Плоштад “Македонија” бил нарушен јавниот ред и мир од полски навивачи кои се дојдени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу нашата и репрезентацијата на Полска. Полициски службеници излегле на местото и во Полициската станица Центар биле приведени лицата П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка“, се вели во соопштението од МВР.
Според спортските коментатори поддржувачите на Полска од трибините важат за едни од највоинствените во Европа.
Видеото е на “Клан Македонија“.