Полски навивачи уапсени заради тепачка во центарот на Скопје (ВИДЕО)

Полската фудбалска репрезентација денес и гостува на Македонија во натпревар од квалификациите за ЕП 2020. Дел од навивачите кои уште вчера пристигнале во Скопје, веќе успеале да предизвикаат инцидент во центарот на градот.
Според Министерството за внатрешни работи, четири полски навивачи започнале вербална расправија во кафуле на плоштадот “Македонија“, а откако расправијата се претворила во физичка пресметка, реагирала и полицијата. Заради инцидентот четворица фанови на полската репрезентација се приведени, a од видеото се гледа дека полицијата имала сериозна задача да ја расчисти мешаницата во која учествувале поголем број навивачи.
– Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на Плоштад “Македонија” бил нарушен јавниот ред и мир од полски навивачи кои се дојдени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу нашата и репрезентацијата на Полска. Полициски службеници излегле на местото и во Полициската станица Центар биле приведени лицата П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка“, се вели во соопштението од МВР.
Според спортските коментатори поддржувачите на Полска од трибините важат за едни од највоинствените во Европа.

Видеото е на “Клан Македонија“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.