среда, 25 ноември 2026
Најново

Помалиот син на Лепа Брена е во врска со ќерката на познат пејач?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во последните неколку месеци, најмалиот син на Лепа Брена, Виктор, во медиумите не се појавува со девојки туку со пријателите и семејството. Како што пренесува „Ало“ причина за тоа е што Виктор се обидува да ја сокрие својата врска со Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и Соња Шашиќ.


Се шпекулира дека тие двајца се во врска веќе неколку месеци.
-Виктор крие дека се забавува со Софија бидејќи знае дека ќе се најде на насловните страници. И двајцата се деца на познати родители, а таквите врски се под будното око на јавноста. Не им е лесно да излезат во јавност, но заљубени се и не сакаат повеќе да се кријат. Тие се познаваат долго време и се добри пријатели. По неколку години дружење тие сфатиле дека се еден за друг и така започна нивната љубовна врска, вели извор за „Ало“ и тврди дека семејството е пресреќно поради одлуката на Виктор.


-Кога Брена дозна дека Виктор е со ќерката на Шашиќ беше пресреќна. Тие со години се дружат и сите се сомневаа дека се заедно, а сега се потврдија нивните сомнежи. Соња почна да се сомнева дека нешто се случува меѓу нив и по свадбата на Александра и Филип бидејќи тогаш беа неразделиви. Сакаа на концертот на Брена да се појават заедно и да откријат дека се во врска, меѓутоа Виктор не сакаше да привлекува внимание на себе бидејќи тоа беше вечер на неговата мајка која тој ден славеше роденден и 35 години кариера, вели изворот за „Блиц“ и додава:

Поврзани вести