Помешајте ги овие две состојки пред спиењето и разбудете се свежи и наспани

Во текот на денот вашето тело напорно работи, па затоа преку ноќта му е потребен сон за да се регенерира. Доколку вие секое утро се будите уморни и нерасположени, оваа едноставна мешавина гарантира квалитетен сон и одморено тело.
Постои еден едноставен рецепт од само две состојки поради кои ќе ја преспиете ноќта и ќе се разбудите свежи. Се’ што ви е потребно е пет лажички органски сиров мед и лажичка химајалска сол. Добро промешајте ги состојките и ставете ги во стаклена тегла.


Најдобро е односот на состојките да биде 5:1, но тоа можете да го прилагодите според вашиот вкус доколку не ви одговара. Се’ што треба да направите е да ставите една лажичка од ваквата смеса под јазик пред спиењето и оставете да се растопи.


Ваквиот трик функционира бидејќи хималајската сол содржи над 80 минерали и елементи кои му се потребни на вашиот организам за различните процеси и кои му помагаат на телото побрзо да се регенерира. Од друга страна, медот содржи глукоза која ги полни клетките со енергија. Покрај сето тоа, оваа мешавина го подобрува лачењето на серотонин па затоа убаво ќе се одморите во текот на ноќта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.